Кога жените ќе наполнат 40 години, метаболизмот значително се забавува, па се случуваат големи промени во организмот.

Затоа е важно да водите здрав живот и здраво да се храните, бидејќи во спротивно, килограмите ќе се таложат.

За да го спречите тоа, би требало да внесете еден зачин во вашиот утрински оброк.

Кајенски пипер

Истражувањата покажале дека кајенскиот пипер помага кај слабеењето. Жените кои подолг период го додаваат во појадокот ќе профитираат со зголемена измена на материите во организмот, и тоа дури 30 минути по оброкот.

Кајенскиот пипер содржи капсаицин, материја што ја поттикнува работата на метаболизмот, а доволен е само простфат за да дејствува. Особено се препорачува да го додадете како зачин во кајгана или во каша од житарки.

Што, всушност, му прави капсаицинот на телото?

Го забрзува метаболизмот

Иако научните истражувања покажуваат дека ефектот не е огромен, докажано е дека капсаицинот од кајенските пиперчиња може да го забрза метаболизмот.

Може да ја намали гладта

Докажано е дека капсаицинот може да го намали чувството на глад, што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го намалува крвниот притисок

Го намалува нивото на крвниот притисок, покажале истражувањата.

Ја подобрува работата на дигестивниот систем

Кајенските пиперчиња можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем и да го намалат ризикот од појава на рак на желудникот.

Ја намалува болката

Капсаицинот во форма на крем може да помогне за олеснување на болките, а дејствува така што помага во намалување на ослободувањето на материјата П, невротрансмитер што го пренесува сигналот за болка до мозокот.

Кајенскиот пипер има бројни благодати за здравјето, а можете лесно да го вклучите и комбинирате во исхраната. Достапен е во различни форми – свеж, сушен, па дури и како додаток во исхраната.

 

Извор: https://plusinfo.mk/