Иако повеќето од нас откако ќе направиме чај, кесичките веднаш ги фрлеме во ѓубре, кесичките од зелениот чај и по подготовката на чајот можат добро да се искористат, а тие мали пакувања ќе направат многу за вашата кожа.
За очи
Изладете ги искористените кесички чај и ставете ги на очите. Ќе делува релаксирачки. Зелениот чај содржи танин и ја „собира“ кожата. Ладните кесички од зелениот чај ќе го намалат отокот околу очите и ќе ја затегнат кожата, па ќе се чувствувате одлично.
Како пилинг
Бидејќи помага во затегнување на кожата, зелениот чај одлично ќе послужи и како пилинг за кожата на лицето. Измешајте чај со кристален шеќер и вода и намачкајте на кожата со нежно триење. По пилингот, кожата ќе добие сјај, а вишокот мешавина ставете ја во фрижидер.
Маска за лице
Измешајте еднакви количини сода бикарбона, зелен чај и малку мед. Медот помага во подмладување на кожата, а зелениот чај ќе помогне да се затегне. Сода бикарбона е добра за пилинг и детоксикација на кожата. Ако брзате, загрејте ја водата и држете ја кесичката чај над неа додека испарува. Потоа исцедете го вишокот вода од кесичката и со неа тријте ја кожата на лицето неколку минути за моментален сјај на кожата.
За коса
Зелениот чај е одличен избор за миење на коса бидејќи и дава сјај. Ставете неколку зелени кесички чај во врела вода и оставете ги преку ноќ. Следното утро, нанесете ја течноста на влажна коса и оставете 10 минути. Исплакнете, шампонирајте ја косата и измијте ја како и обично.