Безброј луѓе во светот страдаат од несоница и имаат проблеми со сонот. Поради брзото темпо на живот и лошата исхрана за жал тоа влијае и на квалитетот на сон. Пореметувањето на спиењето е многу отежнувачко и нервозно и тоа влијае на секој елемент од животот.

Нарушениот сон може да биде резултат и на некои биолошки елементи, нездрава исхрана, психијатриски и физички медицински состојби. Ова се некои од состојбите кои можат да доведат до проблеми со сонот: болки во вратот и грбот, анксиозност и депресија, болест на штитната жлезда, астма, алергиски реакции, проблеми со желудникот и стомакот и артритис.

Пореметувањето на спиењето може исто така да биде предизвикано од специфични активности и соединенија, како што се алкохолот, кофеинот, никотинот или големо количество на храна пред спиење.

Kога станува збор за пореметување на сонот, мускатното оревче има бројни здравствени предности, тој е одличен за детоксикацијата на организмот, помага во варењето на храната, ја ублажува непријатноста, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува здравјето на кожата и го подобрува протокот на крв. Освен тоа, тој има умерен седатив кој ефикасно делува кога имате проблеми со спиењето.

Помешајте половина мала лажичка мелено мускатно оревче во чаша млака вода. Консумирајте ја оваа смеса 4-5 часа пред спиење.