Кардиолог Мартин Хол со вреден  совет

Кардиологот Мартин Хол, директор на Центарот за превентивна и спортска медицина при Техничкиот универзитет во Минхен, објасни како може крвниот притисок без лекови лесно да се нормализира.

Лекарот изјавил дека е можно да се намали крвниот притисок за само 15 минути на ден, без да се проголтаат неколку апчиња.

Хол верува дека дневните прошетки 25 минути на чист воздух имаат корисен ефект врз крвотокот.

Покрај тоа, Хол советува да се избегнуваат колбаси и бел леб и да се консумира повеќе свеж зеленчук. Исто така, е многу важно да не сте со прекумерна тежина.

Според лекарот, губењето на тежината го намалува товарот на срцето и крвните садови.

Кардиологот потенцира дека главните причини за висок крвен притисок се недостаток на вежбање, нездрава исхрана и прекумерна тежина.