Иако денес сите зборуваат и пишуваат за опасностите и важноста на навремените контроли и лекување на високиот притисок, не смееме да заборавиме дека ниту една крајност не е добра – нискиот крвен притисок може да биде еднакво опасен по здравјето.
Хипотензијата најголема штета му прави на мозокот, бидејќи постои ризик од хроничен недостиг на кислород, што како последица може да доведе до мозочен удар.
Ако притисокот ви е понизок од 100/70, докторите ќе ви дијагностицираат артериска хипотензија, односно низок крвен притисок.
Фактори на ризик од хипотензија и превентивни мерки
Нискиот крвен притисок може да има три фази:
- Притисок 100/70
- Притисок 90/60
- Притисок 70/60
Првиот степен обично нема компликации и ретко изискува лечење. Сепак, луѓето чиј притисок постојано изнесува околу 100/70 би требало да одат на редовни докторски прегледи.
Вториот и третиот степен можат да предизвикаат негативни последици, односно компликации, како што е загрозена церебрална циркулација, односно доток на крвта и кислород до мозокот. Имате предвид дека нискиот крвен притисок може да има и фатален исход.
Симптоми на низок крвен притисок
Кај многу луѓе, нискиот притисок всушност е симптом на скриени проблеми, особено ако се јавува заедно со следниве симптоми:
- Вртоглавица
- Несвестица
- Замаглен вид
- Мачнина
- Необјаснив умор
- Слаба концентрација
- Состојба на шок
Екстремната хипотензија може да биде и причинител за состојби опасни по живот. Тогаш доаѓа со следниве симптоми:
- Збунетост и несвесност за опкружување
- Ладна, леплива и бледа кожа
- Забрзано дишење
- Слаб или забрзан пулс
Причини за низок крвен притисок
Крвниот притисок претставува притисок во артериите во моментите на активност и мирување на срцевиот ритам.
Систолниот притисок (горниот) претставува количина на притисок што срцето ја прави во процесот на пумпање крв низ артериите до другите делови на телото. Од друга страна, дијастолниот притисок (долниот) го покажува притисокот во артериите во моменти на мирување на срцето помеѓу отчукувањата.
Ова се состојбите што најчесто предизвикуваат низок притисок:
- Бременост (циркуларниот систем за време на бременоста се проширува, па притисокот може да биде понизок. По породувањето, би требало да се врати во нормала)
- Срцеви болести (најчесто бардикардија (забавена работа на срцето), патологија на срцевиот залисток, срцев удар…)
- Ендокрини нарушувања (болести на тироидната жлезда, Адисонова болест, низок шеќер, дијабетес…)
- Дехидратација (доведува до изнемоштеност, вртоглавица, замор, а најчесто се јавува по висока температура, повраќање, дијареја, претерана употреба на диуретици или интензивна физичка активност)
- Губење крв (најчесто како последица од повреда или внатрешно крвавење. Количината на крвта во телото се зголемува, па притисокот нагло опаѓа)
- Компликации како последица од инфекција (инфекцијата влегува во крвотокот и може да предизвика пад на притисокот, како последица на септички шок)
- Алергиска реакција (предизвикана од храна, лекови, убод од инсект…)
- Анафилакса (тешка алергиска реакција што е проследена со отежнато дишење, чешање, оток на грлото и пад на крвниот притисок)
- Недостиг на витамини (недостигот на витамин Б12 и фолат го спречува производството на доволна количина на црвени крвни зрнца, предизвикувајќи хипотензија).
Четири природни начини да го покачите крвниот притисок
1. Солена храна
Парче солена риба, кисела краставичка или парче солено сирење се одлична помош за моментална хипотензија, бидејќи солта, односно натриум хлоридот, го подигнува притисокот. Сепак, не се препорачува постојано да го покачувате притисокот на овој начин, бидејќи големата количина на сол штетно влијае врз срцето и бубрезите, особено кај повозрасни лица.
2. Вода
Течноста и’ дава волумен на крвта и создава притисок на васкуларните ѕидови. Воедно се спречува и можната дехидратација.
3. Компресирани чорапи
Обично се препорачуваат за отоци и болка како последица од проширени вени. Но освен тоа, овие медицински чорапи ја редуцираат количината на крвта во нозете, зголемувајќи го притисокот во целиот крвоток.
4. Соодветна поза
Ако седите, можете да ги прекрстите нозете. Благодарение на оваа поза, количината на крвта во нозете се зголемува, а притисокот во главните крвни садови расте. Додека стоите, можете да ги вкрстите нозете во форма на ножици.
Дополнителни совети
Нискиот притисок може да се регулира без лекови, со воведување на некои навики во начинот на живот.
- Пијте што повеќе вода
- Сведете го алкохолот на минимум
- Бидете физички активни, пешачете
- Одбегнувајте врели бањи
- Намалете ја количината на јаглехидрати во исхраната
- Консумирајте благо во форма на овошје
- Јадете 4-5 помали оброци, наместо три обилни.