Интолерацијата на глутен стана болест на денешницата на која не е имуна ниту една старосна група. Имајќи предвид како неварењето на глутенот може да доведе и до посериозни компликации важно е да се препознаат симптомите и да се реагира на време.

Глутенот е дел од белковина која се наоѓа во житарките како пченицата, оризот, јачменот, овесот. Но, освен во житарките, глутенот е составен дел од бројни производи за широка потрошувачка како што се тестенините, разните преливи и додатоци на исхраната, а присутен е дури и во некои кармини.

Болеста интолеранција на глутен се нарекува целијакија. Станува збор за неможност за варење на оваа состојка, а според последните пресметки, се проценува дека девет од 10 лица кои боледуваат од интолеранција на глутен не се ниту свесни за тоа. Ако се сомневате дека и вие спаѓате во оваа група потребно е да направите дијагностички тестови и испитувања, или пред анализите, да ги препознаете најчестите симптоми.

Симптоми на интолеранција на глутен

1. Груба кожа на задниот дел на надлактиците. Ваквата кожа уште се нарекува и Keratosis Pilaris или подобро познато како „пилешка кожа“. Овој симптом најчесто предизвикува недостиг на фолна киселина и витамин А во организмот кој може да предизвика лошо разградување на маснотиите предизвикано од оштетување на цревата.

2. Пречки во варењето како подуеност, гасови, пролив, па дури и запек. Запекот најчесто се појавува кај децата.

3. Вртоглавици, замор, малаксаност и безволност без посебна причина која доаѓа до израз по оброк кој содржи производи богати со глутен.

4. Хормонален дисбаланс како силни симптоми на ПМС, полицистични јајчници (ПЦОС) или необјаснива неплодност.

5. Силни главоболки и зачестени мигрени.

6. Воспаление, отоци и болки во зглобовите, посебно во прстите, колената и колковите.

Житарки кои не содржат глутен се: пченка, хељда, просо, интегрален ориз, амарант и киноа.