Три нови лица сами се пријавиле на Инфективната клиника во Скопје поради симптоми слични на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се направени тестови кај сите три лица, а резултатите за два од нив се негативни. Третиот резултат ќе биде готов за 30 минути.
Утрово во Министерството се одржал и состанок со Комисијата за заразни болесни на кој биле потврдени мерките кои претходно беа донесени, а пристуни биле и претставници од аеродромот и граничната полиција.