Низ целиот свет се развиваат повеќе од 20 вакцини против Ковид-19, а првите резултати се очекуваат за неколку недели, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гребрејесус.
-Глобално се развиваат повеќе од 20 вакцини и неколку лекови клинички се тестираат, рече тој. Гебрејесус додаде дека првите резултати се очекуваат за неколку недели.
Само за потсетување како и останатите коронавируси така и овој, Ковид-19, потекнува од животни. Многу од оние кои се првично зафатени или работеле или пазарувале во градот Хуан и неговите маркети за морска храна.
Овој нов коронавирус предизвикува пневмонија. Оние кои се заразени ги имаат следниве симптоми: кашлица, треска со покачена температура, како и потешкотии со дишните органи. Во потешки случаи можни се затајувања на некои органи. Бидејќи станува збор за пневмонија предизвикана од вирус, антибиотиците не можат да послужат како соодветна терапија во лекувањето на истиот. Антивиретиците против обичниот грип исто така не делуваат.
Заздравувањето на пациентите, пак, зависи од тоа колку е силен и здрав нивниот имуни систем. Многу од оние кои починаа имаа веќе ослабен имун систем и потешкотии со здравјето.