Понеделнички шок за граѓаните. Цените на нафтените деривати одново поскапуваат. Како никогаш до сега, цената на нафтата достигна 63 денари за литар, а на бензинот 73,50 денари. Во однос на цените минатата година ова време, со последната промена цените поскапеле вкупно за 11 денари.
Граѓаните лути по низата поскапувања. Велат новиот ценовен шок со бензините не е добро да се случува на секои две недели.
Инаку Mакедонија полека но сиурно ќе ги достигне европските цените на нафтените деривати. цената на дизлот кај нас ја достигна вредноста како во Турција, само што разликата кај нив е што нема регулрана цена и таа ја одредуваат самите нафтени компании.
А во меѓувреме, според државната Статистика, во Македонија платите на граѓаните се намалуваат, а трошоците за живот растат. Тоа значи дека само еден месец траеше вештачката еуфорија на власт за висината на просечната плата, што е пад за 3%, а граѓаните живеат полошо од пред една година.
Бранот поскапувања почна од 1 јануари годинава како новогодишна честитка, со зголемување на акцизата на нафтата за 3,5 денари.
Освен бензнините и дизел горивото се зголемува и цената на мазутот и екстра лесното масло за домаќинствата. Одлуката на Владата за повисоките давачки за нафта, предизвика и пораст на крајната цена на дел од производите. Најпогодени во целата ситуација се граѓаните, врз кои падна најголемиот товар, кој директно удри врз и онака празниот џеб.