Компирите се омилена храна за многумина. Некои луѓе ги сакаат печени, некои пржени или варени.
Како и секој прехранбен производ, сепак, компирите ги кријат своите опасности. Тие содржат невротоксин наречен соланин кој, ако се консумира во големи количини, може да му наштети на вашето здравје. Погледнете кога не треба да ги консумирате компирите во било каква форма:
Кога ќе се збрчкаат
Компирите често се купуваат во големи количини и се користат подолго време. Сепак, мора да бидете претпазливи, бидејќи кога компирите предолго ќе стојат тие можат да станат токсични за вашето тело. Кога не се готват подолго време, тие се збрчкуваат. Во случај ако се изложени на сончева светлина подолго време, можете да го забрзате производството на соланин во нив, што ги прави уште поштетни за вас.
Кога ќе из’ртат
Луѓето често се прашуваат дали компирот треба да се користи или да се исфрли ако се развијат никулци. Никулците имаат висока концентрација на соланин и хаконин, два типа на гликоалкалоиди кои можат да бидат многу штетни за нервниот систем. Размножувањето на никулците на компирот се случува побрзо кога сортата е органска и не е хемиски третирана.
Постојат две ситуации на ‘ртењето на компирите – кога компирот сè уште е цврст и кога ќе стане збрчкан. Ако се создаде никулец на тврд компир, лесно може да се сече и компирот се јаде. Во случај компирот да биде збрчкан, подобро да се фрли и да не се ризикува.
Кога ќе станат зеленикави
Кога компирите се подолго изложени на сонце, тие почнуваат да позеленуваат. Нивоата на соланин во нив се зголемуваат и стануваат токсични.