Загрижени сте поради коронавирусот? Прочитајте што вели популарниот доктор наречен “ловец на вируси“

Д-р Ијан Липкин го нарекуваат “ловец на вируси“. Тој се борел и против епидемијата САРС, а сега ѝ помага на кинеската влада при сузбивањето на коронавирусот. Андерсон Купер, водител на…

Д-р Ијан Липкин го нарекуваат “ловец на вируси“. Тој се борел и против епидемијата САРС, а сега ѝ помага на кинеската влада при сузбивањето на коронавирусот.

Андерсон Купер, водител на емисијата ”Anderson Cooper Full Circle” која се емитува онлајн по пат на платформата ”Facebook Watch”, поразговарал со докторот кој како што кажавме е познат по името “ловец на вируси“.

Д-р Липкин се јавил во кинеската влада со предлог дека сака да им помогне при борбата со опасниот коронавирус откако во 2003-та година им помогнал при сузбивање на епидемијата од опасниот САРС вирус.

Д-р Липкин нагласил дека станува збор за вид вирус кој е исклучително лесно пренослив, но дека и понатаму работи на тестирање на заразените за да се утврди точниот број на смртни случаи.

Од клиничи гледна точка не е едноставно да се утврди дали личноста е заразена од коронавирус или пак обичен грип па поради тоа неопходна е примена на тестови на молекуларна база како и испитување на антитела.

„Вообичаената процедура изгледа така што испитуваме каква е општата здравствена состојба на пациентот, дали има хронично заболување на белите дробови, рак, некаква алергија или пак нешто друго што може да влијае и да предизвика зараза“ – објаснил д-р Липкин.

 


Related Articles