Вработен во администрацијата во Геријатрија во Скопје во Ѓорче Петров бил на одмор на Малта, а минатата недела се враќа во македонија преку Италија. Лицето по враќањето оди на работа и има контакт и со вработените. Но, по ден два качува висока температура и е дома на лекување.
-Не може лице вратено од кризен регион зафатен со корона вирусот, а вработен во установа како Геријатрија да не оди на испитување. Дополнително скандалот да биде уште поголем откако е на боледување, на Геријатрија се прави дезинфикација на просториите и толку, вели нашиот извор.
Инфектолозите и епидемиолозите велат дека вакво однесување во институција како Геријатрија каде лежат лица со потреба од голема грижа.
-Директорката на Геријатрија ова не смеела да го дозволи. Не може тоа да се заташка со дезинфекција на простории. Каде е тука контактот со другите лица, што со нив, вели нашиот извор.
Истите коментираат дека директорката на Геријатрија не само што не ги почитува воспоставените правила, туку и крши.
Доказ дека не и е приоритет работата и здравјето на пациентите говори и фактот што таа за главна сестра во Геријатрија поставува лице кое е вработено пред две недели.
-Ова говори и дека таа не ги почитува препораките на Антикорупциската комисија кои се во насока на тоа да нема нови вработувања, да нема унапредување, велат упатени.