Министерот Филипче на прес-конференција кажа дека во изолација превентивно се ставени двајца лекари кои биле на конгрес во Мадрид на кој на еден од предавачите му е утврдено дека е заразен од корона вирусот.

Двајцата наши колеги се вртиле во земјава во саботата контактирале само со домашните и иако се чувствуваат добро и немаат никакви симптоми сепак од превентивни причини истите се изолирани а резултатите од тестирањето што им е направено го очекуваме во текот на денот и јавноста ќе биде известена –  информира Филипче.

Министерот појасни дека веројатноста да се заразиле е многу мала бидејки, според изјавите на двајцата лекари, тие не контактирале со заразениот предавач на конгресот и биле кратко време во Мадрид односно само ден и половина. Други сомнителни случаи во текот на викендов во земјава нема пријавено.