Доколку уживате во мексиканската кујна, овој рецепт е вистинскиот избор за вас.

Вистинско задоволство за непцата.

Состојки:

12 тортиљи

Сос од домати

2 лажици масло

1 главица кромид

1 чешне лук

1 пиперка

400 гр. домати

Малку магдонос

1-2 лажици лимонов сок

1 лажица вегета

Сол и бибер

Фил

50 мл масло

300 гр. пилешки прсти

150 гр. рендан кашкавал

1 црвена лута пиперка

1-2 лажици сос од домати

200 мл кисела павлака

1 лажица вегета

Начин на подготовка:

За сосот:

Исецкајте лук, кромид и пиперка и пржете ги неколку минути па додајте домати, сок од лимон, вегета, сол, бибер и динствувајте 5 до 10 минути.

Изблендирајте го сосот за да добиете изедначена смеса.

За филот:

Исецкајте го пилешкото на ленти, а пиперката на мали коцки, па заедно пржете ги на загреано масло.

Тргнете го тавчето од огин па додадете сос од домати, кисела павлака, половина од реднаното сирење и вегета.

Со оваа смеса наполнете ги тортиљите. На површината ставете малку сос од домати и наросете со преостанатото сирење. Ставете ги во тава и печете ги покриени со алуминиумска фолија на температура од 190-200 степени.

 

извор: kajgana.com