Потребно:

250 гр бисквити
500 мл млеко
4 лажици гриз
300 гр мак
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
50 гр путер
100 гр бело чоколадо
60 мл павлака за шлаг

Подготовка:

Сварете го млекото со шеќерот и ванилиниот шеќер, па кога е готово промешајте го гризот со жица и варете 3-4 минути. Кога ќе се свари, прелијте со мелените бисквити, потоа додадете ги путерот и макот и измешајте сè да се соедини. Смесата ставете ја во калап, а потоа во фрижидер.

Павлаката за шлаг загрејте ја и прелијте ја врз белото чоколадо и мешајте додека се да се растопи. Малку изладете го ганашот и прелијте го преку тортата, украсете по желба, па оставете во фрижидер неколку часа.

Добар апетит!