До кога со лаги и манипулации власта ќе се однесува кон македонскиот народ. Кога ќе престане власта “да јаде” живи луѓе и да практицира идиотизам и партиски реваншизам. Нели владее демократија и транспарентност, ама изгледа само на збор, на дело нема ништо, бидејќи власта и сите нејзини директори и пулени само со лаги и манипулации го владеат овој период. За ваков џган, доста е, потребна е промена! – посочуваат граѓаните по социјалните мрежи.
Во текот на денешното утро се случил СКАНДАЛ, каде директорот на Здравствен Дом – Скопје, Виктор Исјановски, ги повикал сите млади доктори кои се обврзани да поминат пракса од 6 месеци за да може да конкурираат за специјализација и откако докторите потпишале валидни договори со ЗДС, директорот им ги одзел истите на брутален начин и дури им се обратил со зборовите: НЕМА ФИНАНСИИ ЗА ВАС!
Дали ова се мерките кои ги промовира владата за задржување на младите доктори? Дали ова е начинот на кој директорот Исјановски треба да се однесува со своите идни колеги? Како тоа директорот Исјановски одлучува дали има или нема финансии, кога сме сведоци дека пред само неколку дена директорот, се поднови со нов џип, вреден нешто повеќе од 30 илјади евра!?@
Пари за џипови има директорот на Здравствен дом, но за младите надежни лекари нема…Ова ли е стратегијата на Филипче и Исјановски? Вака ли ќе ги мотивираат и задржат младите лекари во Р. Македонија???
Дали Младите лекари се сега оставени на милост и немилост на системот и владеењето на Филипче и Исјановски? До кога ќе живееме во ТЕРОР И АНАРХИЈА, политички реваншизам и самоуништување на здравствениот систем во целост?
Дали не заслужуваме како нација да имаме доктори кои ќе не лечат и на кои ќе може да се потпре македонскиот пациент или целта на Филипче е да се донесе македонското здравство без доктори, нефункционални сали, застарени објекти за да може истото, тендерскиот министер Филипче полесно да го приватизира и претвори или во јавно – приватно партнерство или во лична своина? На што се трошат народните пари?
Народот ги прозива и власта и Филипче и Исјановски, одговорете што се случува, што правите? Кога ќе престане лудилото?
Народот бара оставка од вака нацистичката власт, од министерот како и од сите нејзини директори, бидејќи со ваквото однесување демонстрирано денес само посочуваат дека се поголеми ДУШМАНИ отколку пријатели на докторите, медицинскиот персонал и пациентите во Македонија.