Редакцијата на порталот Здравство.мк се извинува до директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје во врска  со текстот насловен како „Директорката на Геријатрија не ги почитува препораките за корона, вработен со висока температура не се јавува да направи тестови“ објавен на 2 март 2020 година.

Извинувањата се по двете основи побарани од директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје.

Прво. Извинување од Здравство.мк до ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје во врска со наодот дека лице кое било на одмор во Малта, а се вратило преку Италија и оти со него не се постапувало по протоколите на министерството здравство.

Текстот се темели на информацијата испратена од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје до министерството за здравство. Во прилог го пренесуваме интегрално дописот од Геријатрија до министерството.

„Почитувани, По препораките на МЗ и Влада на РСМ веднаш беше постапено и беше испратено известување до сите раководители да достават информација дали некој од вработените посетувал некое од наведените региони/земји наведени во известувањето на Влада на РСМ. Од раководителите на Оддели/Отсеци на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” – Скопје бевме информирани дека нема лица кои престојувале во тие региони/земји или пак живеат со некое лице кое било во тие региони/земји, освен едно лице кое е вработено во администрација кое било во посета на Р.Италија ( 18.02.2020 до 22.02.2020 ) Сицилија, но не и во заразените региони, но од превентивна причина на истото му е укажано на препораката од МЗ и Влада на РСМ да не доаѓа на работа во период од 14 дена, да ја прати здравствената состојба и да биде во изолација во домашни услови иако истото нема никави знаци на вирусот. Доколку има потреба од дополнително постапување од наша страна Ве молиме да не известите“.

Второ. Редакцијата на порталот Здравство.мк се извинува до Директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември” – Скопје и во врска наодот дека лице е унапредено само по две недели откако е примено на работа.

Информациите за ова ги темелиме врз основа на информација дека веста за унапредувањето била соопштена на утринскиот состанок во Геријатрија одржан на 2 март 2020 година.