Скопје и вечерва се гуши во загаден воздух, мерните станици измериле дури 801 ПМ 10 честички кај Ректорат.
Па така според мерните станици вечерва најзагадено е во Ректоратот на УКИМ.
Мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот измериле дури 801 ПМ 10 канцерогени честички или 16 пати повеќе од дозволеното ниво.
Но и покрај најавените мерки за намалување на загаденоста на воздухот ветени од страна на локалните и централните власти се уште нема реализација на истите.