Министерот Венко Филипче на прес конференција истакна дека на близу 34 лица се во домашна изолација и под надзор.
Се работи за лица од автобусот со кој патувале новите две лица кои се заразени со коронавирус, а се од Скопје, Тетово, Дебар, Велес и Охрид.
Доколку уште четири дена не развијат симптоми на коронавирус, тие нема да бидат тестирани.