Понекогаш кога ќе нè сардисаат проблеми и стресови, утехата ја бараме во храната, прејадувајќи се и внесувајќи голем број калории. На тој начин голем број луѓе пред летото сфатија дека го зголемиле бројот на килограмите, но и дека се зависни од „храната за утеха“.
Сепак постои начин како да се спасиме од маѓепсаниот круг, без голема мака, тврдат експертите. Потребно е да внесеме мали промени во исхраната и секој ден да пешачиме минимум половина час. На тој начин значително ќе ги подобриме расположението и здравствената благосостојба.
Секому му е потребна персонализирана нутритивна програма што ќе придонесе во голема мера да се чувствуваме подобро.
Фактот дека животот во 21 век е полн со стрес и со напнатост, дека главно се одвива во затворен простор со недоволно физичка активност, дека е придружен со огромна понуда на храна со разна енергетска и нутритивна вредност, бара нутритивната терапија да мора да решава многубројни ризици за здравјето, па не може да се зборува за универзални препораки.