Во Словенија за 24 часа потврдени 23 нови случаи на коронавирус- вкупно 57

За само едно деноноќие бројот на лица заразени со коронавирус во Словенија се зголеми за 23 нови случаи, така што вкупниот број на заразени лица изнесува 57. Здравствените власти објавија…

За само едно деноноќие бројот на лица заразени со коронавирус во Словенија се зголеми за 23 нови случаи, така што вкупниот број на заразени лица изнесува 57.

Здравствените власти објавија дека еден заразен возрасен маж е во тешка здравствена состојба и дека лекарите прават се што е во нивна моќ да му помогнат.

Во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана се рагистрирани седум случаи на заразен медицински персонал, поради што одделни клиники се затвораат за редовни прегледи и посети. Според се уште непотврдени информации меѓу ново заразените е и една учителка во местото Шмарје При Јелшах.

Министерот за здравство Алеш Шебедер на прес конференција кажа дека се регистрирани случаи на говор на омраза кон лица кои се заразени со коронавирусот и апелираше тоа веднаш да престане.


Related Articles