Владата на Словачка прогласи вонредна состојба на територијата на цела земја, која стапува во сила од утре изутрина, изјави премиерот Петер Пелегрини.
-Целта на прогласувањето на вонредната состојба е да се создадат услови за преземање неопходни мерки за ограничување и намалување на ефектите од ширењето на коронавирусот, што е закана за јавното здравје во Републиката, се наведува во одлуката на Владата, која Пелегрини им ја соопшти на новинарите.
Документот, исто така се повикува на мерки, кои одделни државни органи и министерства треба да ги преземат за решавање на кризата во земјата.
Досега во Словачка се регистрирани десет случаи на заразени лица со новиот коронавирус.