Белгиското Министерство за здравство денеска потврди нови 85 случаи на заразени во Ковид-19.
Со ова вкупниот број на потврдени заболени случаи се искачи на 399, со тоа што се тестираат само тешко болни и вратени од ризични подрачја, реалниот број би можел да е поголем.
Од новите позитивни случаи, тројца се наоѓаат во главниот град, Брисел.
Три лица починале вчера од коронавирусот, соопшти министерството.
Триесет и шест случаи на зараза се потврдени во дом за нега на стари лица, домот е сега затворен за посети, а заболените се во изолација.