8 табли со предупредување беа поставени на каптираните извори со небезбедна вода за пиење во Општина Кисела Вода. Согласно испитувањата направени од страна на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата, Oпштина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината:

Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево. Воедно, информираме дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба, информираат од општината.