Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, 38-годишниот С.К. од Скопје пријавил дека во подземен простор на здравствена установа на бул. „Втора македонска бригада“ во Скопје, пронашол починато лице.
-Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, соопшти МВР.