Бројот на мртви во Италија расте, војската ги вади ковчезите со камиони

Италија ја претекна Кина како земја со најмногу смртни случаи поврзани со коронавирусот, регистрирајќи 3.405 починати, што претставува пораст за 427 од претходниот ден. Денешната бројка претставува благо подобрување во…

Италија ја претекна Кина како земја со најмногу смртни случаи поврзани со коронавирусот, регистрирајќи 3.405 починати, што претставува пораст за 427 од претходниот ден.

Денешната бројка претставува благо подобрување во однос на претходниот ден, кога Италија забележа 475 смртни случаи – најмногу пријавени од која било земја во еден ден од почетокот на избувнувањето.

Сепак, вкупниот број случаи во Италија се искачи на 41.035 од претходните 35.713, пораст за 14,9%, што е побрза стапка на раст од таа забележана во последните три дена, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

3.245 луѓе починаа во Кина откако вирусот за прв пат се појави таму кон крајот на минатата година. Епидемијата во Италија излезе на виделина на северот на земјата на 21 февруари.


Related Articles