Нема спирива ниту фостер на рецепт во аптеките. Тоа се спрејовите кои ги користат пациенти со астма и ХОББ кои им се неопходни во процесот на лекување. Граѓаните реагираат дека не е ниту половина од месецот а оваа терапија не можат да ја најдат на рецепт. За да ја купат приватно треба да платат од 2 до 4000 денари во зависност од спрејот и од која фирма е.

-За приватно треба да дадам 2000 денари, а немам. иако имам рецепт, ако на први не отидете после нема. Велат толку имаат на рецепт. А ние што да правиме, реагира пациент.

Наводно, аптеките ги трошеле квотите и не им било исплатливо да даваат и вакви скапи лекови, па нудат само еден или два спреја а останатите за пациентите ги нудат приватно.

Од доаѓањето на Ден Дончев на чело на ФЗОМ, лекови на рецепт има едвај до 15-ти во месецот. Претхнодните години тој недостиг се случуваше еден или два дена пред крајот на месецот. Во март објаснувањето им беше дека поради порамнувањето дошло до недостиг на лекови. Но кое објаснување го имаат сега. Нема официјално објаснување која аптека колку квоти има, но затоа од Фондот со објаснување дека ако некоја помала аптека ја потрошила квотата, пациентот да побара во друга. Нејасно е како ова е препорачливо во услови кога времето е пеколно топло и хронично болните не можат да шетаат од аптека до аптека.

Ден Дончев не се појавува во јавноста да одговара за вакви прашања, што всушност е и негова работа. Тој излегува во медиуми да зборува за состојби кои не се негова работа.

До кога ќе биде ваквата ситуација со немање на лекови на рецепт, засега никој не кажува!