Комисијата предложила сет мерки за спречување на ширењерото на корона коронавирусот:
Полициски час од 21 до 6 часот;
Од 6 до 21 часот забрана за собирање во групи;
Смее да се оди само до болница, луѓето што имаат потреба од дијализа, потреба од итна помош ќе може да се движат со придружба од најмногу од две лица;
Ако ги застане полиција по прегледот ќе мора да покажат медицинска документација дека биле на лекар;
И директорите на ЈЗО да имаат лимитирано движење само со документ;
Да се ограничи број на дежурни аптеки;
Такси компаниите да имаат ограничен број возила за дежурства;
Се забранува движење на јавни возила од 21 до 6 часот;
Меѓуградскиот превоз и ЈСП да го преполоват капацитетот на патници и да се запази растојание 2 метри од еден до друг патник.