Во однос на терапијата, со оглед на тоа што излегоа повеќе студии од веќе аплицирана терапија во светот, дозволете да известам дека ние ја обезбедивме целата потребна терапија за навистина голема бројка на пациенти. Комбинацијата на терапија која што досега во повеќе публикации укажува дека дава добри резултати во лекувањето на овие пациенти, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Процедурата е таква да протоколот за лекување треба да се се прифати на стручниот колегиум на Инфективна што веќе се случи денеска, и веќе утре треба да се заврши формалноправната постапка за добивање на дефинитивна дозвола за употреба на оваа комбинација на терапија агенцијата за лекови МАЛМЕД, после што ќе биде веднаш аплицирана на сите пациенти каде што е тоа индицирано.“ истакна Филипче
Тој повтори дека станува збор оф лејбл терапија, за веќе многу земји ја ставија во протоколите бидејќи даде резултати и затоа кај нас се прави истото.