ВМРО-ДПМНЕ ги објави своите факти на денот поврзани со власта предводена од СДСМ, а се однесуваат на вчерашниот ден.
Факти кои го одбележаа денот:
1.Од заразените во Македонија, 12% се лекари, тоа е поради недоволната заштита.
2.МНР ништо не работи. Десетици македонци заглавени на аеродромите низ светот и граничните премини помеѓу европските држави.
3.Министрите и функционерите на власта не се откажуваат од своите примања во знак на солидарност, а кратат од работниците.
4.Бизнисите пред колапс. Потребни се реални мерки. 50% државно финансирани придонеси и плати.
5.Сточарите пред колапс. Во средина на сезона на откуп, не е откупено ниту 20% од јагнето.