По реакцијата на граѓани за лицата кои доаѓаат од странство и се во државен карантин, Венко Филипче рече дека тие не се никаква опасност по никого во градовите каде што се сместени.
„Моделот на карантин мора да го поддржиме, условите во кои се сместени се добри, прегледани се сите тие пациенти, досега нема ниту еден заболен од Ковид-19. Има неколку заболени од обична настинка, и се негативни, и тие се во карантинот, изолирани од други.
Овие наши сограѓани не преставуваат никаква опасност, целосно здрави луѓе кои мора да го поминат од 14 дена во самоизолација“, рече Филипче.