Зелената трева на Централ парк во Њујорк се претвора во голема теренска болница откако здравствениот систем во земјата стана преблокиран со новиот коронавирус. Таму веќе има околу 50.000 кревети, но се очекува дека до вторник ќе може да прими нови пациенти заболени од коронавирус. Во моментов вкупно 33 776 лица се заразени од Ковид-19 во Големото јаболко.
На источната страна на паркот свртен кон болницата „Маунт Синај“ ќе има 14 шатори со 68 кревети, ќе има и интензивна нега со респиратори. Пациентите ќе бидат згрижени од тим лекари и медицински сестри кои им помагале на заразените со ебола во Западна Африка, но и на бегалци од Сирија во Ирак, како и на погодените од земјотресот во Еквадор, пренесува „Њујорк пост“.
Координаторот на здравствените работници, Елиот Тенпени рече дека очекува болницата да започне со работа во рок од 48 часа.