По тестирање на 10 лица, коронавирусот е потврден синоќа кај уште тројца пациенти со што бројот на заболени од Ковид-19 во Босна и Херцеговина се искачи на 371 лице.
Последните потврдени три случаи се поврзани со кластерот во врска со Медицинскиот институт Баер.
Со последната анализа на брисеви бројот на заразени во овој кластер се искачил на 23, а регистриран е и еден смртен случај.