По повод измените во времетраењето на полицискиот  час кој сега трае од 19:00 часот до 05:00 часот во работни денови, и од 15:00 часот во сабота до 05:00 часот во понеделник, ЖРМ Транспорт АД Скопје изготви нов план на возови кои ќе сообраќаат, при што некои возови нема да сообраќаат.

Од понеделник до петок

Возови кои ќе сообраќаат:

  • релација Велес – Скопје – Велес:
  1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
  2. воз бр. 2080 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 12:10 часот,
  3. воз бр. 2081 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 13:20 часот, и
  4. воз бр. 2082 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 14:24 часот.
  5. од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 630 од Велес).
    • релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
  6. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
  7. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 15:10 часот.
  8. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме во 15:24 часот.
  9. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот. ( од вторник до сабота )
    • релација Скопје – Битола – Скопје:
  10. воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
  11. воз бр. 642 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Битола во 12:51 часот.
  12. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот
  13. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. ( од вторник до сабота )

Во сабота

Возови кои ќе сообраќаат:

  1. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот.
  2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.

Нема да сообраќаат возовите на следниве релации

  • релација Скопје – Куманово – Скопје:
  • релација Скопје – Кичево – Скопје:
  • релација Скопје – Кочани – Скопје: