Швајцарски научници успеале да го открија новиот коронавирус и во мали концентрации во отпадните води, што може да претставува нов начин за рано предупредување на нови жаришта на заразата во моментот кога низ светот се укинуваат рестриктивните мерки донесени за спречување на ширењето пандемијата на коронавирусот.
Доколку со методот се покаже делотворно земањето примероци од отпадните канализациски води, тоа би му овозможило на системот на јавното здравство рано детектирање на повторното избувнување на едидемија од коронавирусот, дури повеќе од седум порано отколку што тоа би можело да го покажат дијагностичките тестови, оценуваат научниците.
Респираторната болест Covid-19, предизвикана од новиот тип коронавирус со кој се заразија повеќе до 3,2 милиона луѓе ширум светот, е причина за смртта на повеќе од 233.000 луѓе на планетата.
„Отпадните води не лажат и го одразуваат она што го излачува населението во претходните неколку часови“, вели шефот на научниот тим, Кристоф Орт, од швајцарскиот Сојузен институт за наука и технологии на водата.
Научниците од Сојузниот институт за технологија во Цирих (ETH) и во Лозана (EPFL) велат дека методот за надзор треба да биде подобрен, пред да бидат изведувани јасни заклучоци за концентрација на вирусот во примероците. Почетните разултати на тимовите од двата швајцарски универзитета и покрај тоа се охрабрувачки.
Тие ги анализирале отпадните води од Лозана, Цирих и Лугано, вклучително и примероците од последните два града, кон крајот на февруари кога се забележани првите два лучаи на Covid-19 во Швајцарија. Научниците успеале да го откријат новиот коронавирус во сите примероци. Концентрацијата во најновите примероци биле толку високи, што анализата била многу едноставна. Но тоа не е било толку едноставно со примероците земени во февруари.
„Не очекуваме дека ќе успееме да утврдиме нешто во отпадните води на Лугано во моментот кога постоеше само еден случај (на зараза со коронавирусот) и од Цирих, бидејќи таму се забележани само шест случаи’, вели Тамар Кон, од EPFL.
По успешниот пилот-проект, австралиските научници во април бојавија дека очекуваат оти за неколку седмици ќе создадат тест со кој масовно ќе се анализираат отпадните води на присутност на вируси, за да се лоцираат заразените заедници.