Шеесет годишниот директорот на компанијата „Фајзер“, Алберт Бурла, преку социјалната мрежа фејсбук соопшти дека по втор пат е заразен со Ковид-19. Тој напиша дека се чувствува добро и нема никакви симптоми. Инаку директорот примил четири дози од вакцината развиена против Ковид-19, од страна на компанијата Фајзер и Бионтек.

Во август Бурла за прв пат се заразил со коронавирусот и го користел лекот „Паксловид“ развиен од сопствената компанија. Во својата објава Бурла посочува дека се уште го нема примено новиот бивалентен бустер бидејќи според препораките на ЦДЦ треба да чека три месеци од последната инфекција со вирусот.

-Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објаснува Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бионтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, според најновите податоци.