Скандалот со скапи набавки, раскалашеност и аздисаност на Заев, Спасовски и СДСМ продолжува, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
-Освен набавките за морски плодови и риби, документите покажуваат дека Владата дава пари и за набавка на скапи пијалаци – 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка итн. Октопод пијаната влада на Заев и СДСМ додека народот страда за леб, купува, повторувам, 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ, вотка. Ова не е е само голем скандал, ова е забеганост, ова е лудост, ова се прави додека луѓе умираат и додека има вонредна состојба. Ова е надвор од памет! Во буџетот има дупка од 1.3 милијарди евра, ама нема дупка кога треба да се набават луксузна храна и алкохол. Еве за што им служат набавките во време на корона – за честење, за пиење и јадење скапа храна. Додека Заеви делат пакети за поткуп, за кој медиумите пренесоа дека се со артикли со поминат рок, владата на Заев еве на што ги троши парите, вели Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека сето ова додека Македонија тоне во криза, додека економијата крвари, додека граѓаните страдаат за леб, а здравството брои жртви.
-Ова не се приоритети на државата, ова не се приоритети на граѓаните. Свестете се! Ова што го правите е лудост. Барам, под итно, оваа набавка да се поништи и овие пари, исто како и парите од набавката за морска храна да се пренаменат за купување на заштитна опрема за лекарите и дезинфициенси за болниците, посочи Јанушев.