За специјалистички преглед граѓаните чекаат со месеци, а може да се случи да чекаат и дури цела година. Во сите општини во земјава општите лекари се соочуваат со големи проблеми кога треба да закажат ехо на дојка или простата. Се жалат дека во Електронскиот систем „Мој термин“ нема слободни термини за нивните пациенти. Поради тоа не можат да утврдат дијагноза или да превенираат и да спасат човечки живот, вели претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова.

Со овој проблем не се соочуваат само поради пандемијата, туку уште од почетокот на функционирањето на системот „Мој термин“, вели Чолакова. Иако со децении плаќаат здравствено осигурување, сепак се принудени услуга да бараат во приватните болници, додава таа.

Министерот за здравство, Венко Филипче, ветува дека од понеделник ќе има доволно термини за сите анализи и прегледи за пациентите.