Како да се подобри односот на лекарите со пациентите со комуникациски вештини со хроничните болни и тие со карцином, како и со психијатриските пациенти и нивните семејства. За таа цел, Лекарската комора покани експерт, искусен професор од Германија Уве Гилер кој како предавач на оваа тема ќе зборува пред македонските лекари на Медицинскиот факултет во Скопје, денес и во наредните два дена.

„Ова е предавање за подобрување на комуникациските вештини меѓу докторите и пациентите, меѓу докторот и семејството на пациентот. Наша беше идејата да ги викнеме и здруженијата на пациенти и докторите, да видиме што ни недостасува, како може еден експерт да помогне за да видиме како тој однос да се подобри, посочи др. Калина Гривчева Старделова,  претседател на Лекарската комора.

Во Македонија чести се инцидентите каде што револтирани пациенти или нивните семејства се агресивни, а пристапот на дел од медицинскиот персонал некогаш не соодвествува. Само во последната година во МВР се пријавени над десетина случаи на напади врз доктори и медицински сестри.

Во јавноста се познати случаите кога доктор во тетовската болница беше претепан од семејство на пациент, нападот врз доктор во болницата во Кичево, врз медицинска сестра во поликлиниката во Драчево, на Ургентниот центар и Клиниката за неврологија, како и во двете градски болници. Многу од  случаите, особено вербалните не се пријавени.