❗ За жал СДСМ уште еднаш ги извртува фактите и аргументите и се обидува преку здравјето на граѓаните да добие политички поени.
Во однос на денешните тврдења објавени во медиумите дека од моја страна го опструирам спроведувањето на уредбата која се однесува на носење заштитни маски и држење соодветна дистанца од најмалку 2 метри, би сакал да ги прашам моите колеги од владејачката партија:
1. Дали нивната цел е казнување на граѓаните по секоја цена?
2. Во колку наврати до сега потенцирав дека уредбата е неспроведлива и побарав нејзино усогласување?
3. Дали атакот кој го вршат врз мене е директен притисок врз министерството и во услови на неспроведлива уредба да почне да се изрекуваат казни и покрај тоа што за тоа нема создадени услови?
4. Дали ваквите изнесени невистини се директен атак врз полициските службеници кои во изминатиот период деноноќно се на терен и во целост постапуваат по сите одлуките донесени од страна на владата со цел заштита на здравјето на граѓаните?
✔️ Од самиот ден на носење на конкретната уредба од страна на колегите од униформираната полиција на координативниот штаб во МВР пред целиот колегиум беше сугерирано дека истата е неспроведлива на терен, а за истото беа запознати и Дополнителниот заменик министер и Директорот на БЈБ, а за ваквиот став беше информирана и владата, што може да се види и од стенограмите.
✔️ Дополнително, уште еден факт дека конкретната уредба е неспроведлива е и аргументот дека денес до владата доставив изменет текст на истата и ги повикувам моите колеги од владата истата да ја усвојат уште во текот на денешниот ден. Измените на уредбата се усогласени на денешниот колегиум и истата е изготвена врз основа на заеднички консензус во министерството за внатрешни работи.
?️ Потенцирам дека здравјето на граѓаните е мој приоритет и приоритет на министерството за внатрешни работи и тоа го нагласив во неколку наврати, но исто така нагласив дека конкретната уредба е неспроведлива во пракса.