Потребни се законски измени за лековите побргу да пристигнуваат до пациентите со ретки болести, вели Весна Алексовска претседател на Здружението на лица со ретки болести “Живот со предизвици”, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Алексовска, дали со измените кои ги презема Министерството за здравство, со паралелниот увоз на лекови, сметате дека и натаму се загрозува животот на лицата со ретки болести, со оглед на искуствата во изминатите години кога почна да се применува ваквиот внес на лекови?
Дали пациентите се принудени спас за својата болест да бараат во странство во поглед на дијагностиката и колкави се трошоците?
Многу од ретките болести дел се дијагностицирани на Детската клиника во Скопје, дел на Клинички универзитетски центар во Скопје, но дел од нив често оделе во Бугарија за да добијат дијагноза, дел од пациенти уште одат во Бугарија и на контролни тестови да прават зашто ги нема никој во Македонија. Од друга страна, има пациенти кои не може да стигнат до дијагностика ниту во Македонија ниту во соседните земји. Моментално во здружението имаме пет случаи кои немаат дијагноза. Имаме мало бебе кое лежи на интензивна во Детска клиника на кое му атрофираат мускулите и не се знае до каде ќе оди тоа. Дијагнозата е клучна. Особено кај ретките болести се вели дека потребна е рана дијагностика зашто како што се развива и прогресира болеста потоа многу е потешко истото да се врати назад.
Во Србија на пример направија закон, соодветно на тој закон до шест месеци доколку не се добие дијагноза во Србија тогаш Фондот прифаќа да плати односно, да рефундира сретства, за да се испита и да се побара дијагноза во странство во соодветни дијагностички центри.
Ние би сакале тоа да се случи и во Македонија. Да се направат такви законски промени кои ќе им го олеснат живот на граѓаните. Затоа што вака се вртат во круг. Влегуваат во хипотеки, во кредити само да стигнат до дијагнозата. А што потоа? Зашто понатаму е и третманот.
Дали 9 годишното момче кое јавноста го запозна преку спотот „Еднави на терен“ сеуште го чека својот лек и има ли и други такви пациенти и што значи з а нив тоа чекање?
Чекањето значи да гледаш као прогресира болеста, да гледаш како ти пропаѓа член на семејството, дали е детето, мајката или таткото. Дури за Јане го ветија лекот, но лекот сеуште не е стигнат во Македонија и пациентите сеуште го немаат примено. Незнам до каде се административно работите моментално. Очигледно е дека тендерите за лекови траат ужасно долго. На пример тендерот што започна во јануари за ретки болести денес уште не е завршен а сега сме мај, отворањето ќе биде на 28 мај, додека стигнат лековите веројатно ќе биде јуни. Од таму има два три нови лекови кои министерот ги вети и ги оствари да ги има во тендерот но тие се лекови кои пациенти ги чекаат Веројатно се потребни законски измени за да се види како лековите побргу да стигнат до пациентите. Бараме и други лекови за други болести. Имаме нови пациенти со нови болести за кои се потребни нови лекови кои ги нема во Македонија. Пртпоставувам дека и таа процедура ќе трае долго. Тоа за семејствата е измачување, вели Весна Алекосовска претседател на Здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“,