Важни симптоми кои можат да се најдат на рацете
1. Црвени дланки
Црвените дланки би можеле да бидат последица на физичка работа или држење на врели предмети, но доколку дланките ви останат црвени подолг временски период, ова може да биде знак за болест на црниот дроб, посебно цироза, но и замастен црн дроб (исклучок: доколку сте бремени, црвените дланки се нормална појава бидејќи доаѓа до зголемен проток на крв, што предизвикува црвенило. Се јавуваат кај половина од жените).
Воспалението на црниот дроб постепено започнува да влијае на работата на црниот дроб, па тој не може ефикасно да ги отстранува отровите од телото. резултатот е вишок хормони, што предизвикува ширење на крвните садови во рацете и нозете. Доколку имате и други симптоми на болен црн дроб, кои вклучуваат отекување на нозете и стомакот, истакнати вени, зголемен стомак и замор, посетете доктор.
2. Отечени прсти
Доколку сте излегле од авион или автобус, тоа е сосема нормална реакција на подолго седење, но може да биде последица и на жешко време, менструален циклус или преголем внес на сол во организмот. Но, доколку вашите прсти се дебели и крути иако со денови сте пиеле многу течности и сте го намалиле внесот на сол, отеченоста може да укажува на хипотиреоза.
Кога активноста на штитната жлезда е послаба, та апроизведува помалку важни хормони кои го регулираат метаболизмот. А кога метаболизмот ќе се забави, ова обично резултира со дебелеење и собирање на вода во организмот.
Во овој случај, направете ги рутинските тестови на штитната жлезда.
3. Бледи нокти
Во нормални околности, доколку нежно го стиснете ноктот, крвта се повлекува и се појавува бела дамка, но розевата боја се враќа брзо. Во случај вашите нокти да останат бели и минута по притискањето или изгледаат бледи цело време, ова може да биде знак за анемија.
Анемијата или недостатокот на железо доведува до бледи нокти бидејќи не постојат доволно црвени крвни клетки кои кружат во крвотокот.
Што да се прави? недостатокот на железо може да доведе до умор, а во потешки случаи и до проблеми со срцето. Докторот може да ви препорача исхрана богата со железо, но и лекови со железо. Не го заборавајте и витаминот Ц, бидејќи помага во апсорпција на железото во организмот.
4. Ситни црвени линии или дамки под ноктите
Изгледаат како мали црвени или кафени линии или дамки кои всушност се подрачја на крварење, што можат да сигнализираат инфекции на срцето или крвта.
Ова ситно крварење се случува кога малите крвни згрутчувања го кочат протокот на крв во капиларите под ноктите (и на нозете). Тие најчесто се јавуваат порадиинфекции на залистоците на срцето, односно кај субакутниот бактериски ендокардитис. Оваа состојба обично се случува кај оние кои имаат шум на срцето или други компликации. Доколку имате само неколку под ноктите и никогаш не сте имале проблеми со срцето, не паничете – веројатно се појавиле од друга причина, како повреда на раката.
Доколку никогаш не сте ја провериле работата на срцето и сте загрижени поради овие симптоми, отидете на лекар и направете преглед.
5. Дебели и заоблени врвови на прстите
Ова може да биде знак за болести на срцето или белите дробови. Можеби сте забележале и заоблување на ноктите. Доколку циркулацискиот систем на срцето или белите дробови е ослабен, нивото на кислород во крвта веројатно ќе опадне. Со текот на времето, мекото ткиво на прстите ќе расте, така да врвовите на прстите одат со „стомакот“ напред.
Доколку ве мачи и отежнато дишење или хронично кашлање, закажете преглед на срцето и белите дробови.
6. Помодрени прсти
Помодрените раце, чувството на трнење и губење на осетот може да бидат знак за пореметување на циркулацијата познат како Рајнаудов синдром.
Рајнаудовиот синдром предизвикува привремени грчеви во крвните садови, а тоа ја намалува циркулацијата. Симптомите вклучуваат и ладни раце и помодрени прсти, а ги погодува 5 до 10% од луѓето.
Важно е да не се занемаруваат симптомите, бидејќи со време овие напади можат да ја ограничат циркулацијата и да предизвикаат оштетувања на ткивото. Исфрлете ги пушењето и кофеинот. Може да помогнат и аеробните вежби бидејќи ја забрзуваат работата на срцето, што ќе донесе повеќе крв во рацете.