Во Виена по двомесечна пауза, отвореното основно учулиште се затвори поради сомневање за инфекција од Ковид-19

Во Австрија по двомесечна пауза поради пандемијата на Ковид-19, основните учулишта започнаа со работа. Но во Виена едно училиште е веќе затворено за работа, поради сомневање за појава на повторна…

Во Австрија по двомесечна пауза поради пандемијата на Ковид-19, основните учулишта започнаа со работа. Но во Виена едно училиште е веќе затворено за работа, поради сомневање за појава на повторна инфекција од новиот коронавирус, Ковид-19.

Директорката на училиштето во Виена, вратила дома 200 ученици, бидејќи постоело сомнение дека наставник е заболен со Ковид-19. Наставникот пријавил боледување во саботата.

Децата биле вратени дома од вратата на приватното католичко училиште, без претходно известување.

Надлежните органи на градот Виена покренаа истрага за овој случај, а Министерството за образование најави изработка на план за вакви случаи.


Related Articles