Директорот на Центарот за јавно здравје, Петре Витанов, денес информираше за првиот пациент позитивен на коронавирус во Струмица. Тој посочи дека се работи за триесет и две годишен струмичанец кој е во добра здравствена состојба, но она што загрижува е дека тој имал поголем број на контакти и многу се движел.
Директорот Витанов објасни дека иако пациентот е во добра здравствена состојба, ситуацијата е загрижувачка бидејќи пациентот не знаел од каде и со кого се заразил. Тој исто така упати апел до граѓаните на општина Струмица целосно да се придржуваат до мерките за заштита и да не се опуштаат.
Инаку ова е прв евидентиран случај на пациент позитивен на Ковид-19 во Струмица, додека претходно двата случаи на заразени со коронавирусот беа на териториите на општините Босилово и Ново село.