Во Словенија во изминатите 24 часа е потврден еден нов случај на коронавирус, објави словенечката влада. Со ова вкупниот број потврдени случаи е 1 469, а бројот на починати е 107.
Во изминатото деноноќие биле направени 256 тестови, што е значително помалку од вообичаеното за време на викендите. Во просек, секојдневно се вршеа околу илјада или повеќе тестови на ден од понеделник до петок, а околу 500 за време на викендите.
Во моментов, 16 лица се хоспитализирани, од кои тројца во одделенијата за интензивна нега, а нивниот број веќе некое време постојано се намалува, пред само две недели во болниците имало 40 пациенти.
Владата и здравствените работници веруваат дека епидемијата е ставена под контрола, па поради тоа се олеснуваат рестриктивните мерки.
Од денеска на настава се вратија сите ученици во основно образование, а можно е да почне наставата и за средните училишта, јавуваат словенечките медиуми.