Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Стојаноски, изрази жалење за состојбата во која се наоѓа Македонија во однос на справувањето со епидемијата на Ковид-19. Тој посочува дека се наоѓаме високо на листата според бројот на заболени и починати на милион жители. Во исто време, власта, надлеѓните институции, комисија за заразни болети се сконцентрирани на политичките и партиски интереси, а граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со т.н. нова нормалост, вели Стојаноски.

-„За жал, Република Македонија е помеѓу земјите во кои граѓаните, на дневна основа, слушаат за двоцифрени бројки на ново заразени од корона вирусот, додека во исто време, земјите од нашето опкружување ги отвораат границите и прогласуваат успшен исход во борбата со пандемијата на Ковид 19. Нашата земја е високо на листата, но на онаа негативната, според бројот на заболени на милион жители и според бројот на починати на милион жители.

Дали и зошто граѓаните се оставени сами да се справат со т.н. „нова реалност”?

Се поставува прашањето зошто актуелната власт и надлежните институции, а пред се министерството за здравство, комплетно потфрлија во справување со корона вирусот споредбено со земјите од нашето опкружување? Ние како Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, од самиот почеток на оваа криза, бараме во континуитет да постои само еден единствен приоритет, особено сега во актуелните новонастанати  услови, а тоа е здравјето на граѓаните да се стави пред сè и над сè.

Дали е толку тешко да се реализира ова барање? За разочарувањето од одлуките на Комисијата за заразни болести е беспредметно да се коментира. Прашуваме зошто, наместо да ги направат сите напори за справување со епидемијата според етаблираните епидемиолошки и медицински параметри, членовите на Комисијата се потрудија единствено да ги следат и задоволат партиско-политичките интереси?

Дали и зошто, повеќето од членовите на Комисијата за заразни болести се презентираа како лица кои ги ставија личните и партиските интереси пред интересот и здравјето на граѓаните?“