Вицепремиерот утрово на Фејсбук предупреди дека бројките на ниовозаразени со коронавирус се се позагрижувачки:
„Можноста да се биде позитивен или да се биде во контакт со некој кој е позитивен во последниве неколку денови е мошне голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни или како да е позитивен секој со кого контактирате. Не треба многу за да се заштитите:
-не им верувајте на теориите на заговор,
-маската ја намалува трансмисијата за 79%,
не предизвикувајте смрт на вашите роднини“, напиша Османи на својот профил на Фејсбук.
Денеска бројката е уште повознемирувачка, додаде Османи во пост скриптум.