Директорот на центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12-те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единасет лица се од општина Липково. Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа. Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.
Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.
Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.
-Маски, дезинфекција, миење раце, физичка дистанца, клучно е да се применуваат за да се заштитиме од вирусот, истакна Љатифи.