Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со вчера (6.11) се назначени нови директори во следните две установи:

– Универзитетска клиника за Детски болести, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува – Наташа Најдановска-Алулоска.

– Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност.

Исто така, за в.д. директори се именувани:

– Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија

– Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија