На бремените жени, поради заштита на нивното здравје или проценка дека детето ќе се роди со аномалии, кои можат да бидат причина за смрт, ќе им биде дозволен абортус до 22 седмица, а во потешки случаи и по 22 седмица. Од тие причини, Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека е подготвен нов предлог закон за прекин на бременоста.

Детскиот хирург, Владимир Чадиковски вели дека за усвојување на овој закон, најпрво треба да се направи добра проценка од различни профили лекари, бидејќи, според него, децата родени со аномалии во некои случаи преживуваат и можат да живеат без проблеми. Тој рече дека годишно се умртвуваат по 40 фетуси поради болести на срцето кои се дијагностицирани во текот на бременоста.

Во светот умираат околу 300 илјади новороденчиња поради разни аномалии. Но, според министерот Венко Филипче со потребниот третман во текот на бременоста и по раѓањето, децата родени со некоја аномалија можат да имаат нормален живот. Министерот исто така вели дека аномалиите може да се спречат во текот на бременоста со вакцинација и употреба на јод во исхраната.

Според актуелниот закон, абортусот е дозволен до 10 недела од бременоста, и ова право е ограничено поради здравјето на жената, а со новиот закон на прво место се става волјата на жената.